МЛС ги објави платите, се дозна точно колку заработува Меси во Интер Мајами!

Официјално е познато колкава е платата на Лионел Меси во Интер Мајами. Според податоците кои ги објави асоцијацијата на играчи од МЛС-лигата, Аргентинецот заработува 20.446.667 долари годишно, што е 19,3 милиони евра и оваа сума е рекорд во лигата.

Заедно со договорите кои ги има со спонзорите, приходите на Меси во Интер Мајами се вкупно помеѓу 50 и 60 милиони долари за една година.

Инаку, клупските колеги на Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, земаат годишна плата од 1,25, односно 1,77 милиони долари.

Зад Меси, од второ до петто место на листата на најплатени играчи во МЛС-лигата се Лоренцо Инсиње со 15,4 милиони, Џердан Шаќири со 8,1 милиони, Хавиер Чичарито Ернандес со 7,4 милиони и Федерико Бернардески со 6,3 милиони евра.

Интересно е дека најмногу пари за плати трошат Торонто, Интер Мајами и ЛА галакси, а ниту еден од овие три тима нема да игра во плејофот според моментниот пласман на табелата.

- Оглас -

Најнови вести