Борбена игра и жестоки стартови, без шутеви во рамките на головите на Палмеирас и Сантош, е сликата од првото полувреме на „Маракана“ каде во моментов помеѓу две бразилски екипи се игра финалето на Копа Либертадорес.
На трибините на легендарниот стадион, има и публика, но 2.500 илјади луѓе се премалку за трибините со 80.000 седишта да изгледаат колку толку исполнети. Некои од фановите не носат маски.