Многу е јако – Погледнете како се советува Надал (Видео)

Рафаел Надал ќе игра во четвртфиналето на АТП-турнирот во Барселона по денешната победа од 2:1 против Кеј Нишикори, а еден момент презентиран на социјалните мрежи што се случи во една од паузите меѓу гејмовите стана вирален хит.

Надал си зборува сам со себе и се храбр, или си кажува каде грешел во текот на мечот со Јапонецот.

Рафа има отворен пат до финалето на турнирот што го освојуваше дури 11 пати, што е апсолутен рекорд. Утре ќе игра против Британецот Камерон Нори, а потоа за финале противник веројатно ќе му бидат или Шварцман или Карено Буста.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести