Многу европски клубови навиваат за испаѓање на Лидс од Премиерлигата

Опстанокот на Лидс во англиската Премиерлига е загрозен, сезонава тие се тим со најмногу примени голови во лигата, а ако загубат попладнево од Арсенал кој брка место во Лигата на шампионите, Белите од Јоркшир ќе се доведат во уште понепријатна ситуација.

Но, има многу клубови кои би се радувале ако Лидс испадне, а причината е јасна, за помалку пари би купиле играчи кои во моментов се членови на Лидс.

Ѕвездите како Калвин Филипс, Рафиња и Патрик Бамфорд, во своите договори имаат клаузули дека ако тимот испадне, може да си одат за релативно ниски цени од 30-тина милиони фунти.

Неколку премиерлигаши се заинтересирани за Филипс, но Лидс бараше обесштетување од дури 100 милиони. Барса му има фрлено око на Рафиња, а и на напаѓачот Бамфорд нема да му биде проблем да си најде нова клупска средина ако Лидс се пресели во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести