Многу големи тренери не можат да освојат трофеи бидејќи во тимот немаат играч како Меси

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, не може да го заборави периодот во којшто беше тренер на Барселона. Гвардиола беше на клупата на каталонскиот гигант во период од 2008 до 2012 година, кога освои многу трофеи, меѓу кои двапати се радуваше во Лигата на шампионите.

Гвардиола потоа замина во Баерн Минхен, каде што три сезони без успех се обидуваше да стигне до европскиот трон со Баварците, а тоа сега безуспешно му е и како предводник на Манчестер сити.

„Многу добри тренери не освоиле ниту еден трофеј бидејќи во своите редови немале играч каков што е Лионел Меси. Никогаш нема да се појави фудбалер кој ќе му биде рамен на Меси. Јас имав можност да бидам тренер на една одлична екипа“, се присетува Гвардиола за најуспешното време од неговата тренерска кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести