Многу лоша вест за Јувентус, Баерн, Сити и Барселона поврзана со Лигата на шампиони

Четирите неодиграни реванш-мечеви од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат во Лисабон, тврдат реномираните РМС Спорт и О Јого. Од УЕФА официјално потврдија дека четвртфиналните, полуфиналните и финалниот дуели ќе се играат во главниот град на Португалија во периодот од 12 до 23 август, а победниците ќе се дознаат само по еден одигран меч.

Засега познати се четири клуба за во четвртфиналето, додека останатите четири треба да се добијат по одигрување на реваншите во осминафиналето. Сега во Нион се дебатира дали четирите меча од осминафиналето да се играат на стадионите на домаќините, како што е порегуларно, или да се одиграат на неутрален терен во Лисабон пред празни трибини.

Според најавите, втората варијанта, односно и тие мечеви да се играат во Лисабон е многу поприфатлива. Според распоредот, останува во осминафиналето реваншите да ги одиграат Јувентус против Лион (Лион има предност од 1:0 по првиот меч), Барселона – Наполи (0:0 прв меч), Манчестер сити – Реал Мадрид (2:1 прв меч) и Баерн Минхен – Челзи (3:0 прв меч). Ако се одиграат на неутрален терен, Јувентус, Барселона, Сити и Баерн едноставно нема да ја имаат предноста на свој терен, како што тоа го имаа нивните ривали пред повеќе од три месеци.

Осминафиналните средби треба да се одиграат на 7 и 8 август.

 

- Оглас -

Најнови вести