Модриќ до крајот на кариерата останува во Реал Мадрид

Лука Модриќ ќе потпише нов годишен договор со Реал Мадрид и со тоа речиси сигурно е дека ќе ја заврши кариерата во овој клуб.

Одличниот играч од средината на теренот ги воодушевува сите со своите настапи, а тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека на него, но и на најголемиот дел од играчите кои што набрзо им истекуваат договорите, ќе им бидат продолжени.

„Модриќ но и неколку други играчи на кои што им истекуваат договорите, ќе им бидат продолжени.

Лука иако има 36 години игра во можеби најдобрата форма во кариерата“ изјави Анчелоти.

Деталите околу новиот договор не се познати, а по истеткот на соработката Модриќ ќе има 38 години, но, ништо не се знае, бидејќи ако продолжи да игра на вакво ниво, може да остане уште некоја година плус во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести