Омикрон е енигма, а Модриќ е феномен, за два дена има и позитивен и негативен тест

Лука Модриќ веројатно ќе може да игра за Реал Мадрид и ќе го избегне карантинот, откако денеска има негативен тест на корона-вирус.

Пред само два дена Реал Мадрид со официјално соопштение објави дека хрватскиот репрезентативец и Бразилецот Марсело имаат позитивни тестови на Ковид-19, што би значело двонеделен карантин, но сега има пресврт кај Модриќ.

Влијателниот и доброинформиран „Ел Чирингито“ објави ексклузивно дека на повтореното тестирање Лука Модриќ има негативен тест и дека речиси сигурно ќе биде во комбинација за дуелот со Кадис што ќе се игра задутре на „Сантијаго Бернабеу“.

Тоа е одлична вест за Кралскиот клуб, кој има многу проблеми со Ковид-19, а позитивни во моментов се Марсело, Асенсио, Бејл, Родриго и голманот Лунин и плус помошниот тренер Давиде Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести