Модриќ го надмудри живиот ѕид на Словаците во кој имаше и легнат фудбалер (Видео)

Хрватите не успеаја на свој терен да ја победат Словачка, па сега имаат два бода помалку од лидерот во нивната група, Русија. Хрватска имаше негатива од 1-2, а потоа Лука Модриќ со гол од слободен удар израмни на 2-2. Во финишот, Хрватите уште еднаш ја затресоа мрежата на Словаците, но тој гол беше поништен по консултација со ВАР.

Модриќ со 36 години и 32 дена влезе во историјата на квалификациите за СП како најстар стрелец на гол од слободен удар во квалификациски натпревар. Искусниот плејмејкер на Реал Мадрид најде празнина во живиот ѕид, на Словаците не им помогна ниту тоа што на тревата имаа и легнат човек како дополнителна заштита.

- Оглас -

Најнови вести