Лука Модриќ се согласи да игра за помала плата од сегашната, и официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30-ти јуни 2022 година. Играта на Реал многу се разликува кога Модриќ е на терен, и без него. Иако е ветеран, тој сезонава покажа дека уште е мајстор и може да придонесе за тимот, иако многу легенди на негова возраст решаваат да станат тренери или играат на други континенти во послаби лиги.
Модриќ во септември ќе наполни 36 години, а договорот за продолжување на соработката падна одамна, денеска е само официјализиран. Политиката на Реал е на играчите над 30 години, да им дава едногодишни договори. Модриќ се согласи, останува во следниот период да се види дали истото ќе го сторат и Серхио Рамос и Лукас Васкес, со кои преговорите се потешки, бидејќи бараат договори на барем две сезони.