Модриќ испадна многу попаметен од Рамос, ем две години во Реал, ем европска титула

Лука Модриќ вчера потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид. Хрватскиот фудбалски велемајстор и во следната сезона ќе го носи белиот дрес на 14-кратниот европски првак.

Модриќ, кој во септември ќе наполни 37 години, најавува дека сака да се пензионира како Крал, а покажа и дека не му е важна должината на договорот кога веќе е решен да игра за тој клуб.

На Модриќ не му пречи веќе неколку години по ред постојано да го продолжува договорот за уште една сезона. Политиката на Реал е таква, на ветераните им се нудат само едногодишни договори.

Токму ова беше проблемот поради кој минатото лето си замина екскапитенот и легенда Серхио Рамос. Рамос инсистираше од Реал да добие двегодишен договор и кога од клубот му рекоа дека не може, премина во Пари Сен Жермен.

За разлика од Рамос, Модриќ беше трпелив и иако и тој лани беше во иста ситуација како Рамос, не бараше двегодишен договор, но со двата потписи секако останува во Реал две години. Разликата е и во тоа што Модриќ со останувањето во Реал, освои нова титула во Лигата на шампионите, а Рамос и ПСЖ беа елиминирани токму од шпанскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести