Модриќ: Каква музика слушам? Подобро да не знаете

Фудбалерите на Реал Мадрид, Лука Модриќ, Давид Алаба и Лукас Васкес, беа снимани од камерите на клупската телевизија за потребите на една емисија, и на навивачите им откриваа некои свои тајни.

Тројцата кажаа какви навики и ритуали имаат пред излегување на терен. Капитенот на хрватската репрезентација кажа дека прво што прави кога излегува на загревање е чекор напред со левата нога, а потоа ги вади прстенот и ланчето. Пред да ги стави, прво го бакнува штитникот за потколеница на кој има фотографии од неговото семејство.

Интересен е и делот на Лука со музиката.

„Кога одиме на гостување, сакам со себе да го носам мојот iPad, да гледам серии и да слушам музика на телефон. Каква музика? Подобро да не знаете“ – рече Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести