Модриќ: Не плачете дека е завршено, смејте се затоа што се случи (Фото)

Лука Модриќ придружуван од неговото семејство, истрча полесен круг и ги поздрави за последен пат навивачите на Реал Мадрид бакнувајќи го грбот на клубот чиј дрес го носи 13 години, церемонијата на збогување беше крајно емотивна, публиката на „Сантијаго Бернабеу“ плачеше бидејќи со разделбата со тренерот Карло Анчелоти и мајсторот со фудбалската топка Модриќ завршува една ера со која се пишуваше историја.

Модриќ им се обрати на навивачите, своите соиграчи, тренерите и сите што го придружуваа на ова незаборавно патување.

„Дојде моментот што никогаш не сакав да дојде, но тоа беше долго и прекрасно патување. Прво, сакам да му се заблагодарам на клубот, на претседателот Флорентино Перез. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери во текот на сите овие години, на соиграчите кои ме придружуваа и на луѓето што ми помогнаа. Ви благодарам многу од дното на моето срце. И на моето семејство. Победивме многу, имавме прекрасни моменти. Најголем трофеј ми е вашата љубов што ми ја дадовте во текот на сите овие години. Нема зборови да ви се заблагодарам за сè што ми го дадовте во текот на годините. Тешко ми е да одберам меч за паметење, но би рекол оној со ПСЖ. Тоа беше неверојатно. Сакам да кажам една фраза која ми се допаѓа: Не плачи затоа што заврши, насмевни се затоа што се случи. Хала Мадрид и ништо друго“, рече Модриќ кој е најтрофејниот играч во богатата историја на Кралскиот клуб.

Емоциите беа најсилни кога на пет минути до крајот на натпреварот со Реал Соосиедад попладнево, Модриќ беше заменет. Целиот стадион стана. Хрват со солзи по ходникот исполнет со сите играчи, вклучувајќи ги и оние од Реал Сосиедад, додека на крајот од тунелот се појави Тони Крос, неговиот неразделен партнер, тоа беше прегратка што симболизираше повеќе од пријателство.

Тренерот Карло Анчелоти денеска за последен пат го водеше Реал, а и тој беше под силни емоции.

„Немојте да мислите дека е толку лесно да се зборува денес. Беше чест, задоволство да го тренирам овој клуб. Сакам да му се заблагодарам на мојот драг претседател, Флорентино Перез. Беше извонредно да го доживеам ова со вас, беше незаборавна приказна бидејќи никој не може да ги заборави трите гола на Карим против ПСЖ, никој не може да ги заборави двата на Родриго против Сити, или асистенцијата на Лука. И никој не може да ги заборави двата гола на Хоселу. И јас исто така не можам да го заборавам секој ден што го поминав тука. И ќе завршам со Напред Мадрид и ништо друго. Ве сакам сите“, рече Карло.

- Оглас -

Најнови вести