Модриќ расположен, Бејл исвиркан

Хрватот Лука Модриќ со две асистенции и еден гол, беше творец на победата на Реал Мадрид над Реал Сосиедад од 3-1 во дербито на колото во шпанската лига.

Гостите поведоа рамо после големата грешка на Рамос, но Бензема изедначи (прв гол на „кралевите“ од прекин сезонава) и домашните се смирија, па во второто полувреме дадоа уште два гола за нови три бода.

Иако знаеше дека Бејл ќе биде исвиркан, тренерот Зидан го стави Велшанецот во игра. Публиката во Мадрид гласно го исвирка како казна за провокацијата до Реал дека поважни му се Велс и голфот.

- Оглас -

Најнови вести