Модриќ се пожалил кај Анчелоти дека двајца играчи не го даваат максимумот на теренот

Реал Мадрид утре попладне ќе гостува кај Алавес во меч од 31 коло на Примера дивисион. Кралскиот клуб е апсолутен фаворит, а иако следен ритам е Алавес, целиот фокус кај мадридскиот гигант е ставен за дуелот кој ќе се игра за неколку дена, а тоа е реваншот против Арсенал.

Во првата средба од четвртфиналето во ЛШ Реал Мадрид на гости во Лондон загуби убедливо со 3:0, а сега актуелниот европски првак ќе има многу тешка задача, на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ да ги анулира овие три гола негатива против Топчиите.

Според некои мадридски медиуми, во Реал владее немир во исчекување на реваншот против Арсенал. Капитенот и најискусниот кај Реал, Лука Модриќ посочил двајца фудбалери дека не го даваат максимумот на теренот.

Според пишувањата, Модриќ се пожалил на ставот кој го има Бразилецот Винисиус јуниор на теренот. Ако е тоа така, нема да биде прв пат Хрватот да негодува поради незалагањето на Винисиус посебно во дефанзивните обврски.

Втор на листата на Модриќ треба да е Давид Алаба. Искусниот Алаба никако не успева да се врати во старата форма пред повредата. Австриецот неодамна на мечот против Реал Сосиедад во полуфиналето на Купот си даде дури два автоголови, но за негова среќа, Реал на крајот се пласираше во финалето.

Останува да се види дали Анчелоти ќе ги прифати овие забелешки од Модриќ, фудбалерот кој наполни 40 години, но уште е важна алка во играта на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести