Модриќ сега е негативен на тестирањето, дали ќе игра утре за Реал?

Реал Мадрид во последниве неколку дена беше „нападнат“ од новиот вид на Коронавирусот. Лука Модриќ заедно со Марсело во средата беа двајцата кои први се покажаа како позитивни на тестирањето за Коронавирусот.

Потоа уште четврица играчи и неколку членови на стручниот штаб беа позитивни, па екипата мораше да откаже и дел од тренинзите. Модриќ кој во средата беше позитивен, на последното тестирање се покажа како негативен на опасниот вирус.

Од Реал сега ќе чекаат одговор од челниците на лигата дали ќе дозволат Хрватот да настапи на дуелот против Кадис. Претходно беше најавено дека Модриќ би можел да игра и тоа само по 10 дена поминати од негативен направен тест.

Шпанските медиуми пишуваат дека ова е конфузна ситуација и едноставно на 24 часа до почеток на мечот, фудбалерот не знае дали смее или не смее да биде на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести