Модриќ со емотивна порака се прости од Бензема

Карим Бензема на големо изненадување одлучи да не го продолжи договорот со Реал Мадрид и да ја прифати понудата на клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад.

Неговиот соиграч, Хрватот Лука Модриќ, вечерва на социјалните мрежи објави емотивна порака со која се прости од одличниот француски напаѓач.

„Истовремено сум тажен и горд бидејќи имав чест 11 години да играм со еден од најголемите фудбалски таленти. Знаев дека си одличен играч кога дојдов во Реал, но уште на првиот тренинг сфатив колку си посебен. Освен што си одличен фудбалер, низ заедничките години на пишување на историјата на овој фантастичен клуб сфатив и дека си посебна личност. Веќе ми недостасуваш пријателе. Ти благодарам за сè и ти посакувам среќа во новиот предизвик“, напиша Лука Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести