Модриќ станува еден од косопствениците на тим во Англија

Прославениот хрватски фудбалер Лука Модриќ и капитен на Реал Мадрид, Лука Модриќ, наскоро ќе стане косопственик во англискиот тим Свонси.

Според информациите кои ги пренесе новинарот Фабрицио Романо, двете страни веќе имаат постигнато договор. Сега е потребно само да се испочитува и да заврши неопходната правна процедура и Модриќ да биде дел од сопственичкиот менаџмент на Свонси.

Свонси е клуб кој се натпреварува во Чемпионшип, шампионат кој е втор по рангирање во Англија. Популарните Лебеди последен пат играа во Премиер лигата пред осум години, а моментално се на 12-тото место на табелата и сигурно нема да испаднат, но немаат шанси да се борат ниту за влез во елитното натпреварување за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести