Со 39 години и 128 дена, Лука Модриќ е шестиот највозрасен стрелец на гол во историјата на шпанската лига, вечниот Лука сега има четири голови сезонава, но овој денешниот беше прв на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и навистина беше посебен.
Топката му „легна“ како што посакуваше, и упати волеј од 24,4 метри кој беше неодбранлив за голманот на Жирона, Газанига.
„Многу сум благодарен за наклонетоста што секогаш ми ја покажуваат навивачите. За голот… останав сам таму, морав да шутирам, шутнав, и фала му на Бога, топката влезе. Не знам дали е најубавиот гол што сум го дал, но прекрасен беше и посебно ми е драго што се случи пред моите навивачи“, рече Модриќ.
Damn what a goal by Modric#LaLiga #RealMadridGirona pic.twitter.com/eIYcJWmtbH
— FlorianFlicks (@FlorianFocus) February 23, 2025