Моќен говор на Леброн во чест на Коби Брајант (Видео)

Пред да почне мечот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Портланд, лидерот на Лејкерс на теренот, Леброн Џејмс одржа говор во чест на Коби Брајант. Џејмс рече дека иако ова е еден вид на комеморација по смртта на Коби, сепак ова треба да биде прослава во чест на Брајант. Леброн потенцираше дека Лејкерс е едно големо семејство и дека сега е потребно да се има поддршка од најблиските.

Сепак на крајот Џејмс потенцираше дека ова треба да биде прослава за еден од најдобрите.

„Знам дека ова на еден начин е сеќавање за Коби, но јас ова го гледам како прослава. Ова е прослава на 20 години крв, пот, солзи, тело полно со повреди, паѓање, издигнување, поминати неброени часови, за да стане најдобар колку што можеше да биде. Вечерва го славиме детето кое дојде со 18 години, се пензионираше на 38 и стана веројатно најдобриот татко во изминативе три години“, рече меѓу другото Џејмс, кој на крајот заврши со зборовите „Никогаш заборавен. Ќе живееш брате“.

- Оглас -

Најнови вести