Момче одигра два меча од Лигата на шампионите во еден ден

Младиот 19-годишен фудбалер Амине Гуири од Лион, во средата испиша историја бидејќи во еден ден настапи на два натпревари од Лигата на шампионите.

Најпрвин на пладне настапи на дуелот од младинската ЛШ против Зенит, а вечерта влезе во првиот тим како резерва на пресметката со сениорите на Зенит. За негова несреќа, Гуири претпре два порази. Младите беа поразени со 1-3, а првиот тим со 0-2.

Денот на Гуири изгледаше вака:

12 часот – почеток на мечот од младинската ЛШ

13.02 часот – излегува од игра

14 часот – оди во хотел

16 часот – пристигнува на Крестовски стадионот

17.30 часот – почнува со загревање

18.50 часот – седнува на клупа на сениорите

20.33 часот – влегува во игра во 83-та минута

20.46 часот – оди во соблекувална, па во автобус и на авион за Франција

- Оглас -

Најнови вести