Момчето собирач на топки што беше херој во елиминацијата на Барселона, сезонава даде 40 голови

Во сезоната 2018/19 Ливерпул стигна до шестата титула европски првак, откако во финалето на Лигата на шампиони со 2:0 го победи Тотенхем. Англискиот гигант рутински го доби финалето, а најголемата драма се случи во полуфиналето.

Во двомечот против Барселона, Ливерпул на првиот меч загуби со 3:0 на „Камп Ноу“, но во реваншот, во еден од најневеројатните пресврти, англискиот тим славеше со 4:0 за голема радост на „Енфилд роуд“.

За чудесниот пресврт на Ливерпул и победата од 4:0, голем удел има и едно момче кое беше задолжено да ги подава топките покрај аут линијата. Ливерпул доби аут, а момчето брзо реагираше и му ја подаде топката на Александар-Арнолд. Фудбалерот на Ливерпул брзо го изведе корнерот, а Ориги погоди за 4:0.

Момчето кое ја додаде топката за четвртиот погодок се вика Оукли Канонир, дел од школата на Ливерпул. Ова младо 17-годишно момче неодамна го потпиша и првиот професионален договор со Ливерпул, а блеска во тимот на Ливерпул до 18 години.

Сезонава  Оукли постигна два гола во победата над Вулверхемптон од 5:1 и стигна до бројката од дури 40 погодоци сезонава.

- Оглас -

Најнови вести