Моментот кога ексиграчот на МЗТ Скопје Аеродром го удри српскиот кошаркар кој остана без бубрег (Видео)

Некогашниот играч на МЗТ Скопје Аеродром, Нуни Омот, со лакт го удри Бориша Симаниќ за време на дуелот меѓу Јужен Судан и Србија на Светското кошаркарско првенство, момент поради кој Србинот остана без бубрег.

Немилиот настан се случи пред крајот на средбата, кога беше јасно дека Србија ќе победи. Омот прифати една топка под кошот на Србија и потоа во обидот да постигне поени, силно со лактот го удри Симаниќ.

Српскиот репрезентативец веднаш се пожали на болка и веднаш мораше да излезе од игра. Омот се извини за ударот, а Србинот потоа заврши во болница и уште истата вечер беше опериран во Манила, Филипини.

Првичните прогнози беа оптимистички, но подоцна се покажа дека повредата е опасна и на Симаниќ мораше да му биде отстранет бубрегот. Овој кошаркар на Сарагоса има 25 години, висок е 211 сантиметри, а ова за него е прво големо натпреварување во репрезентативниот дрес на Србија.

- Оглас -

Најнови вести