Шок за Србија на СП: Кошаркар доби удар со лакт и остана без бубрег!

Репрезентативецот на Србија, Бориша Симаниќ, на трагичен начин го заврши својот настап на Светското кошаркарско првенство. Тој на дуелот против Јужен Судан при еден дуел под кошот доби удар со лакт, по што не можеше да го продолжи мечот и мораше веднаш да биде префрлен во Клиничкиот центар во Манила (Филипини) за да му бидат извршени дополнителни прегледи.

Кошаркарот на крајот морал да биде опериран и да му биде отстранет бубрегот, а според докторите, неговата состојба во моментов е добра и стабилна.

Симаниќ настапува за екипата на Сарагоса во шпанското првенство, а центарот на Светското првенство во просек играше по 6,5 минути и постигна во просек по еден поен по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести