Монако ја одложи прославата на титулата на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ нема вечерва да ја слават 12-тата титула во Лига 1 бидејќи Монако во дербито на 30-тото коло го совлада Лил.

На четири кола до крајот на сезоната, ПСЖ е лидер на табелата со 69 бода, додека Монако е втор со 58 бодови. Светците на три дена ќе имаат можност пред своите гледачи на „Паркот на принцовите“ во дуелот со Ле Авр да ја заверат титулата.

Голот за Монако во дербито со Лил го постигна Фофана во 61-та минута.

- Оглас -

Најнови вести