Монако поради неверојатен автогол нема да игра во ЛШ (Видео)

Шахтар Донецк е последниот патник во групната фаза од Лигата на шампионите откако на домашен терен одигра 2:2 против Монако, и тоа по 120 минути игра. Украинскиот тим на гости славеше со 1:0, но Монако возврати вечерва и по 90 минути, Французите имаа предност од 2:1, што значеше дека треба да се играат дополнителни 30 минути.

Во продолженијата се сучи еден неверојатен момент. Шахтар беше во напад кога топката требаше да биде испратена во средината на шеснаестникот, десниот бек на Монако, Рибен Агилер, ја закачи топката, која доби чуден правец и на крајот заврши во мрежата на гостинскиот голман Александер Нубел.

На крајот, токму тој неверојатен автогол беше клучен за елиминација на Монако од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести