Монтела е минато, Виолетовите имаат нов тренер

Фиорентина му врачи отказ на Винчензо Монтела, па најде експресна замена во Џузепе Јачини. Поранешниот предводник на Емполи ќе ги води Виолетовите до крајот на оваа сезона, а негова задача ќе биде да го извади тимот од кризата во која се наоѓа.

Аеропланино не се задржа долго на клупата на Фиорентина. Дојде во април и успеа да го спаси клубот од испаѓање во Серија Б во последното коло од минатата сезона, додека сега екипата од „Артемио Франки“ повторно е во опасност да се бори за опстанок. Во последните седум кола Фиорентина претрпе пет порази и двапати ремизираше, па затоа се наоѓа на 15-тата позиција на табелата со само 17 бода.

За Монтела ова е трет отказ за помалку од две години, шут-карта претходно доби во Милан, а потоа и Севилја.

Јачини е поранешен фудбалер, кој одигра повеќе од 120 натпревари во виолетовиот дрес во периодот од 1989 до 1994 година. Цела тренерска кариера ја помина во родната земја, а Фиорентина му е 14-ти клуб што ќе го води.

- Оглас -

Најнови вести