Монца не го сврте последниот круг – Дебакл за Берлускони, нови прволигаши се Лече и Кремонезе

Монца пропушти зицер директно да се пласира во Серија А и ќе мора да игра дополнителни бараж мечеви за пласман во Првата лига, што е голем неуспех за големиот фудбалски маг Силвио Берлускони.

Поразот на Монца од 1:0 од Перуџа на гостински терен вечерва го искористија Лече и Кремонезе и со победи против Порденоне, односно Комо изборија пласман во Серија А.

Лече е шампион во Втората лига со 71 бод, а Кремонезе заврши како втор со 69 бода. Монца по поразот од Перуџа остана на 67 бода и заедно со Пиза ќе игра во полуфиналето во баражите за уште едно место во Првата италијанска лига.

Во плејоф системот од четвртфиналето ќе почнат Бреша, Асколи, Беневенто и Перуџа. Од Лигата испаднаа Порденоне, Кротоне и Алесандрија, а баражи за опстанок ќе играат Козенца и Виченца.

 

- Оглас -

Најнови вести