Монца во победнички ритам, и зеде мерка и на Специја (Видео)

Фудбалерите на Монца продолжија да прикажуваат одлични игри во финишот од сезоната во Серија А, и на гости ја победија Специја со 2:0 во рамки на 32-то коло.

Ова беше трета победа по ред за Монца во Серија А со која се израмни со Болоња на делба на осмото место на табелата со 44 бода. Специја пак е 17-та со 27 бода, само еден повеќе од Верона која е во опасната зона на испаѓање.

Победата на Монца и ја донесоа Патрик Куриа со голот во 21-та минута, и Карлос Аугусто кој триумфот го завери во третата минута од судиското продолжение.

Лече со голот на Габриел Стрефека во 62-та минута од пенал, го совлада Удинезе со 1:0. За Удинезе, целиот натпревар го одигра Илија Несторовски.

- Оглас -

Најнови вести