Неверојатни 10 гола беа постигнати на првите два меча од денешната програмата во Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид откако двапати израмнуваше во првото полувреме против Феенорд, во второто полувреме со голот на Алваро Мората дојде до тешка победа од 3-2 против претставникот на Холандија.
Епски меч одиграа Антверпен и Шахтар Донецк во Белгија. Домашните имаа убедливи 2-0 по првите 45 минути и беа блиску до првата победа во Лигата на шампионите, но така не мислеа гостите од Украина, кои со три погодоци во вториот дел направија пресврт за победа од 2-3.
Данило Сикан во 48-мата минута најпрво намали на 1-2, а потоа прецизно стрелаше и во 76-тата минута за победа на Украинците. Голот за израмнување на 2-2 беше дело на Јарослав Ракитски во 71-вата минута.
Сепак, домашните имаа шанси да извлечат реми на мечот, но Тоби Алдервејрелд не успеа да реализира пенал во 97-мата минута.
Головите од првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.