Голеада на „Ванда“, Антверпен е пред историска победа во ЛШ (Видео)

Шест гола само по 45 минути игра на првите два натпревари од вечерната програма на Лигата на шампионите.

Многу возбудувања има на мечот на „Ванда Ментрополитано“ во Мадрид, каде што Феенорд двапати имаше водство против Атлетико, но домашните успеаваа да израмнат. Гостите од Холандија дојдоа во водство уште во седмата минута со автоголот на Ермосо.

Атлетико израмни на 1-1 во 12-тата минута, но Феенорд се врати во водство во 34-тата минута преку Ханчко. Конечните 2-2 по првиот дел ги постави Гриезман во четвртата минута од судиското надополнување на времето.

Екипата на Антверпен е пред првата, историска победа во Лигата на шампионите откако на полувремето има водство од 2-0 против Шахтар Донецк. Резултатот го отвори Муја уште во третата минута, додека Баликвиша зголеми на 2-0 во 33-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести