Мората се претвори во Влаховиќ и му донесе чудна победа на Јуве

Алваро Мората со два гола, беше најзаслужен што Јувентус со триумф од 3-1 си замина од гостувањето кај Сампдорија. Сега Старата дама е на само четири бода од лидерот Милан, а Росонерите од Милано имаат и еден меч помалку.

Во првото полувреме, Јуве постигна два гола, а имаше само еден шут кон голот на домашните, и тоа пеналот кој го реализираше Мората. Првиот погодок беше автогол. Мората од мај 2021 немаше дадено два гола на еден меч.

Сампдорија не се предаваше, намали на 1-2, а претходно тимот од Џенова утна и пенал. Шчесни има одбрането три пенали сезонава (од четири пенали кои му беа шутнати), со што е најуспешен голман во Серија А.

Јувентус мечот го почна без Душан Влаховиќ, но тренерот Алегри сепак не го чуваше за дуелот со Вилјареал од ЛШ, туку го стави во игра Србинот на половина час до крајот.

- Оглас -

Најнови вести