Мората се изнадава голови од офсајд (Видео)

Алваро Мората немаше среќа во првото полувреме вечерва против Барселона и иако постигна два гола, ниту еден не важи поради офсајд.

Шпанецот се врати во Јувентус и дава голови, а со офсајд, скорот му е 3:3. Постигна три гола и уште толку му се поништени поради недозволени позиции на пет меча во дресот на Старата дама.

Вечерва првиот поништен гол е во 15-тата минута, веднаш по единствениот важечки погодок што за Барселона го постигна Осман Дембеле.

Мората повторно погоди и во 30-тата минута и повторно беше во недозволена ситуација, па Јувентус губи со 0:1 по првото полувреме.

Шпанецот имаше уште една идентична ситуација како и двете вечерва, а поради офсајд му беше поништен гол во Серија А против Кротоне за победа на Јувентус од 2:1. Голот беше поништен, па шампионот на Италија на тој дуел освои само еден бод со реми 1:1.

Сепак, Мората знае да постигнува и регуларни голови, со два прецизни удари му донесе победа на Јувентус во Киев против Динамо во првото коло од Лигата на шампионите, а беше стрелец и против Кротоне во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести