Морати: Лукаку направи будала од себе

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, упати сериозни критики на сметка на Ромелу Лукаку кој во последниот ден од преодниот рок потпиша за Рома.

Белгиецот минатата сезона ја помина на позајмица во Интер кој беше заинтересиран да го задржи, но тој зад грб преговараше со најголемите ривали на Нераѕурите, Јувентус и Милан кои потоа се откажаа од трансфер. Тоа однесување не им се допадна ниту на навивачите на Интер ниту на Морати кој не го штедеше Лукаку во критиките.

„Мислам дека Лукаку направи голема будала од себе, барем така ми изгледа кога ја следам ситуацијата од страна. Но, по се што се случуваше со Интер, Јувентус, можам да кажам дека заврши во важен тим каков што е Рома“, изјави Морати.

Лукаку дебито во дресот на Рома го имаше во дербито со Милан во кое Росонерите славеа со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести