Морбидно – го ископа черепот на дедо му за да прослави титула (Видео)

Расинг е нов шампион на Аргентина, тимот од Авелјанеде, кое е предградие на престолнината Буенос Аирес, бурно ја прослави титулата.

Расинг некогаш беше дел од големата петорка и најуспешен аргентински клуб во 60-тите години од минатиот век, но падна во голема криза, а во 1998 година и банкротираше. Затоа, оваа 18-та титула е прославена како да е прва. Илјадници навивачи ги поминаа мостовите и славеа пред обелискот во центарот на Буенос Аирес.

Новиот првак во последното коло одигра 1-1 против Тигре, а му помогна и ремито на конкурентот Дефенса, која не победи против Санта Фе. Бока јуниорс остана на трето, а Ривер плејт на четврто место.

Навивачкото лудило во Јужна Америка е познато, но овојпат се надминаа. Габриел Аранда шеташе по улиците носејќи го черепот на неговиот дедо Валентино. Габриел на телевизиските репортери им објасни дека тоа го направил затоа што дедо му најмногу би сакал да учествува во славењето на титула на Расинг. Љубовта кон дедо му ја докажа и со тоа што на градите го има истетовирано неговиот лик.

- Оглас -

Најнови вести