Мота има нов клуб во Серија А, ќе издржи ли повеќе од 10 меча?

Тијаго Мота ќе биде нов тренер на Специја и ќе добие и втора шанса да предводи тим од Серија А по неуспешната и куса епизода во Џенова.

Поранешниот италијански репрезентативец роден во Бразил му беше тренер на Горан Пандев во 2019 година, но доби отказ само по 10 натпревари откако Џенова беше на последното место во Серија А.

Мота и Пандев беа соиграчи и дел од златната генерација на Интер што ја освои триплетата во 2010 година со триумф во домашното првенство, и Купот и во Лигата на шампионите, но соработката во поинаква ситуција со Мота како тренер им беше куса.

Тијаго ќе го замени Винченцо Италијано, тренер што успеа со Специја да опстане во Серија А во историската прва сезона во Калчото за клубот од областа Лигурија во Италија.

Италијано се пресели во Фиорентина и ќе ги предводи Виолетовите од идната сезона во најсилната италијанска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести