Мотив повеќе за нас – Селекторот на Бугарија во годишниот план навел задолжително прво место во групата со Македонија, Грузија и Гибралтар

Бугарските медиуми го објавија годишниот извештај на селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Јасен Петров, за минатата година и планот за оваа, во која е наведено дека првото место во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите е задолжително.

Петров во последната седма точка од извештајот навел дека Бугарија мора да биде прва во групата со Македонија, Грузија и Гибралтар, што е голем императив и уште поголем мотив за нашата репрезентација да му го урнат планот веднаш на стартот на новото издание на Лигата на нациите.

Со Бугарија ќе играме утре од 18 часот во Разград, во балканското дерби од четвртата група во Сегментот Ц.

Петров е голем оптимист, но Бугарите признаваат дека Македонија е во налет и дека има и подобри резултати и поквалитетен состав, па и не се толкави оптимисти како селекторот.

„Македонија напредува, и тоа впечатливо, а ние тапкаме во место. Не ми изгледа дека сме фаворити, иако, нормално, сакам да победиме. Не знам од каде поткрепа за таков оптимизам кај Петров“, вели Димитар Бербатов, легендата на бугарскиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести