6013 ФК Копенхаген – Баер Л. (18.45 часот)
Данците минаа долг пат (минаа три квалификациски кола) за да дојдат до лигашкиот дел на ЛШ, а сега во елитното натпреварување прв ривал им е германскиот вицепрвак кој нема да смета на Паласиос. Леверкузен на сите три бундеслигашки мечеви сезонава и даваше и примаше гол. Овие два тима само еднаш, и тоа пред 11 години играле меѓу себе во ЛШ, тогаш две победи извојуваа Германците и на двата меча имаше 4+ голови. Викендов во домашните лиги, Баер со новиот тренер победи, а Копенхаген загуби.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.09)
6018 Ајнтрахт – Галатасарај (21.00 часот)
Во Франкфурт ќе има и многу гостински фанови, домашниот терен нема да биде 100 процентна предност за германскиот тим. Ајнтрахт е тим кој на три меча во Бундеслигата има гол-разлика 8-5, редовно и дава и прима гол. Галатасарај е доминантен во турската лига, во пет кола реди само победи и има примено само еден гол, но ова е друго ниво. Ајнтрахт и Галатасарај меѓу себе играле само двапати, и тоа во далечната 1992 година во Купот на УЕФА, денешната Лига на Европа.
Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.25)
6015 Манчестер сити – Наполи (21.00)
На италијанскиот првак за којшто игра нашиот Елмас првиот меч ќе му биде пеколно тежок. Сити има проблеми, повредени се Шерки, Ковачиќ, Мармуш, кај Наполи го нема Лукаку, но дуелот на Гвардиола и Конте ќе биде интересен, тоа се тренери со целосно различни филозофии. Средбата ќе биде специјална за Кевин де Бројне, кој во дресот на Наполи се враќа на „Етихад“, каде што мина десет години пред да премине во Наполи летово. Наполи 10-пати гостувал во Англија и никогаш не победил. Викендов двата тима победија и постигнаа по три гола.
Предлог тип: 1 & 1+второ (2.10)
6016 Њукасл – Барселона (21.00 часот)
Барса, која е еден од фаворитите за титулата во ЛШ, стартува на незгодно гостување во Англија, и тоа без Јамал, Гави и Балде во составот. Каталонците без нив дадоа 6 гола против Валенсија викендов и тоа треба да ги плаши Чавките кои пред пет дена го победија Вулверхемптон со 1-0, што им беше само прва победа сезонава. Поминаа повеќе од 20 години од последните дуели на овие два клуба во ЛШ, тогаш Каталонците победија и дома и на гости, а и сега тие се во подобра форма и на Њукасл ќе му биде тешко да остане непоразен.
Предлог тип: 2 (2.60)
6017 Спортинг Л. – Каират (21.00 часот)
Поразот на Бенфика од Карабах треба да биде предупредување за Спортинг дека иако е голем фаворит, не смее да потцени тим од крајниот источен дел на Европа. Каират во плејофот на пенали го елиминира Селтик откако двата меча завршија без голови. Каират на последните два меча во домашната лига победуваше со 1-0. Спортинг е обратен случај, на последните три средби во португалската лига и даваше и примаше голови и на нивните мечеви редовно има 3+ голови. Каират е дебитант во ЛШ и Спортинг може да ја искористи тремата на противникот во првиот дел.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)