Моторот на болидот на Фетел се запали, Германецот во улога на пожарникар (Видео)

Германскиот Формула 1 пилот Себастијан Фетел имаше необично искуство за време на првиот слободен тренинг на патеката Зандворт, каде што викендов ќе се вози трката за Големата награда на Холандија. Формула 1 се враќа во земјата на Лалињата по 36 години, пилотите не ја познаваат добро патеката и можни се секакви проблеми.

Фетел до својот тим Астон Мартин пријави дека моторот му е „готов“, а кога почна да излегува чад од запалениот мотор, Фетел застана и од стјуардите крај патеката побара противпожарен апарат, па самиот го гаснеше оганот.

- Оглас -

Најнови вести