Холандскиот моторциклист Виктор Стиман почина по страшниот пад што го имаше на трката во Португалија, во рамките од ФИМ Суперспорт 300 светскиот шампионат.
На патеката во Португалија, многумина возачи излетаа на озогласениот 14-ти свиок, но повредите кои ги заработи Стиман беа трагични. По излетувањето, возачот веднаш беше пренесен во болница, но лекарите не можеа да го спасат. Стиман имал тешки повреди на главата и по два дена борба, тој починал.
#WorldSSP300 #vıctorsteeman #vıctorsteemancrash R.I.P champion… pic.twitter.com/0SpOYP5dRj
— Kerem (@kerembdnr) October 11, 2022
По смртта на возачот, семејството на Холанѓанецот се одлучи за потег вреден за пофалба. Тие решија да ги донираат неговите органи и на тој начин да спасат дури пет животи.
„Ова е нешто што секогаш сме се плашеле како родители на моторциклист, а сега тоа се случи. Нашиот Виктор не успеа да победи на последната трка. Во овие тешки моменти на неизмерна болка и тага, горди сме што можеме да кажеме дека тој е нашиот херој затоа што иако почина, тој успеа да спаси пет животи со донирање на своите органи. Премногу ќе ни недостасува“, стои во соопштението на семејството.