Може ли Наполи да ги спои Елмас и Алиоски? За старт понудата за Џани е 10 милиони евра

Наполи подготви стартна понуда од 10 милиони евра за Езџан Алиоски, а се шпекулира дека сака да потпише петгодишен договор со нашиот репрезентативец од Лидс.

Алиоски е пред заминување од Премиер лигата бидејќи летово му истекува договорот со Лидс, а сè уште нема знаци дека соработката би можела да се продолжи.

Првата понуда за популарниот Џани беше од Галатасарај, но сега во игра влезе и Наполи, кој сака да го спои македонскиот тандем репрезентативци Елмас и Алиоски.

Ако се оствари трансферот, стандардниот првотимец на Лидс и на македонската репрезентација би заработувал по 2 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести