Може ли ТФТ да возврати против Широки Бријег?

Македонскиот претставник ТФТ оствари историски резултат и со пласманот во финалето на АБА 2 лигата, но сега ќе се обиде да направи уште една сензација и да влезе во регионалното кошаркарско друштво.

Кошаркарите на ТФТ го загубија првиот меч од финалната серија против Широки Брег на гости, но вечерва (19 часот) ќе игра на домашен паркет.

Клучно ќе биде ТФТ да го издржи ритамот во текот на целиот меч, она што не им успеа на избраниците на Боро Смилковски на првата пресметка. ТФТ беше конкурентен во првите четвртини, но потоа имаше голем пад во играта.

Според квотите, Широки Брег е умерен фаворит, но и ТФТ не е без шанси да забележи успех.

 

- Оглас -

Најнови вести