Астон вила и Ливерпул феноменално го отворија својот меѓусебен дуел од Премиер лигата, по шест минути игра беше 1-1, а тој резултат остана и до крајот на првото полувреме.
Добра вест за Црвените кои бркаат титула е што навреме изедначија, но потоа дојдоа лошите моменти. Се повреди Фабињо, за кого не се знае колку ќе паузира, а голема утка имаше Наби Кејта, кој пропушти шанса да му донесе предност на тимот на Јирген Клоп.
Погледнете ја аматерската реакција на Кејта кога се најде во 100-отстотна шанса: