Жоао Малек, фудбалерот кој предизвика сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, на крајот може и да не добие затворска казна. Играчот на Севилја во неделата, возејќи го својот Мустанг, со брзина од 162 км/час удрил во автомобилот пред него, во кој биле маж и жена кои вечерта требало да прават свадбена веселба. Сообраќајната несреќа е снимена и на камери кои го покажуваат моментот на удар.
Алехандро Коста (33) и Марија Пену (26) загинаа и зад себе оставија две деца, додека Малек и неговиот пријател кој бил во автомобилот, поминале со полесни повреди. Првичните изјави на сведоците биле дека фудбалерот бил толку пијан што не можел да стои на нозе.
Otro vídeo (de diferente ángulo) del momento del choque de #JoaoMaleck contra el vehículo en el que viajaba la pareja recién casada. #Zapopan @Meganoticias pic.twitter.com/Iau0bGISzf
— Janet Vásquez (@jany_vasquez) June 26, 2019
Во Мексико постои закон според кој предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици може да донесе и затворска казна од дури 70 години. Ако биде прогласен за виновен, се очекува Малек може да добие меѓу четири и 10 години затвор.
Сепак, ако досега се тврдеше дека бил пијан, според алкотестот кој бил направен веднаш по несреќата, Малек не бил пијан. Подоцна бил направен нов алкотест во болница и во урината бил пронајден алкохол. Доколку се утврди дека не бил пијан, Малек може да помине и само со парична казна, а не како што досега се најавуваше дека ќе остане многу години во затвор.
Семејството на загинатиот брачен пар, пред судот побараа фудбалерот да биде казнет и да не се случи парите и моќта кои ги има виновникот за смртта на нивните најмили, да влијае на одлуката и да остане неказнет.