Се појави снимка од сообраќајката во која фудбалер на Севилја усмрти брачен пар на денот на нивната свадба

Талентираниот 20-годишен фудбалер Жоао Малек може да заврши во затвор поради сообраќајната нереќа која ја предизвика, а во која загинаа двајца патници од друго возило. Малек го возел Мустанг со брзина која била многу поголема од дозволената (162 км/ч), кога неочекувано удрил во автомобил, во кој биле брачен пар, кои завчера се венчале, а вчера требало да ја прават свадбената веселба.

Од силината на ударот, автомобилот на брачниот пар се преполовил на два дела, а на место на страдале 33-годишниот младоженец Алехандро и неговата седум години помлада сопруга Марија. Тие имале две деца.

„Воопшто не се обиде да закочи“, вели еден очевидец на страшната несреќа.

Се верува дека фудбалерот кој бил со уште еден свој другар, возел под дејство на алкохол. Тие двајцата поминале со полесни повреди.

Таткото на Малек е екс камерунски фудбалер кој во 1998 потпиша за мексикански клуб, па затоа и Жоао е роден таму во 1999 година. Малек е младински репрезентативец на Мексико (не беше повикан за неодамнешното СП во Полска), а спомнат е и во книгата на еден чилеански новинар кој напиша книга, барајќи го низ светот новиот Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести