МОЖЕН СОСТАВ: На мака се познаваат Рисовите, во Ереван треба да покажат дека се кадарни за настап на Мундијал

Македонија денеска ја бие клучната битка и треба да го презентира квалитетот, иако имаме многу проблеми со отсуство на неколку клучни играчи за дуелот против Ерменија во Ереван од 18 часот.

Ќе ни недостасуваат столбовите Аријан Адеми и капитенот Стефан Ристовски, во составот ќе ги нема и Николов, Јаховиќ и Ракип, но Рисовите немаат избор и мора да одат на победа со максимата „на мака се познаваат јунаците“.

Изборот е само да се освојат бодовите за да се остане во битка за настап во дополнителните баражи за пласман на Светското првенство во Катар.

И покрај проблемите, селекторот Благоја Милевски има квалитетни играчи на располагање, Елиф Елмас, Енис Барди, Александар Трајковски, голманот Димитриевски, Велковски и останатите што ќе играат имаат квалитет, младост и искуство за да ја победат Ерменија.

И домаќините не се без проблеми, а и кај нив ќе отсуствуваат неколку важни играчи. Денеска во составот што ќе го подготви Хоакин Капарос ќе ги нема Микојан, Газарјан, Восканјан, Харојан, Адамјан… па во дуелот на ранетите лавови, Рисовите од Македонија треба да покажат дека се подобри.

Победата ни носи неизвесност и драма до крајот на квалификациите, а секој друг исход ќе значи крај на надежите за настап на првиот Мундијал во историјата на македонскиот фудбал.

СОСТАВ, МАКЕДОНИЈА (ФОРМАЦИЈА 4-2-3-1): Димитриевски – К.Ристевски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Спировски, Барди – Чурлинов, Елмас, Трајковски – М. Ристовски. Селектор: Благоја Милевски. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести