Можни состави: Македонија со згуснат среден ред, а Елмас и Миовски ќе чекаат шанса во нападот (Фото)

Македонија вечерва на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Белгија, селекција која е на осмото место на последното рангирање на светската листа на ФИФА. Вистински предизвик ќе биде за селекторот Благоја Милевски да направи тактика и на играчите да одиграат според замисленото за да се сопре фаворизираниот гостин.

Милевски потенцираше дека има проблеми околу составот и дека Димовски, Трапановски и Алими се жалат на повреди, па сигурно до последен момент ќе има дилеми околу стартниот состав. Најавите се дека Македонија против Белгија ќе се спротистави со згуснат среден ред, за да може да се обиде да парира на противникот кој е научен да ја контролира топката и играта.

Македонија веќе покажала дека во нападот знае да биде опасна преку контра напади, па во офанзивниот ред најмногу ќе се очекува од капитенот Барди, потоа Елмас и Миовски.

Белгија ќе биде без првиот голман, Тибо Куртоа кој поради повреда не допатува во Скопје, но селекторот Руди Гарсија има доволен број на квалитетни и докажани играчи за да може да склопи опасен тим.

Офанзивно ќе започнат гостите и тоа во формација 4-3-3, што само потврдува дека нивната задача е да освојат три бода на ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести