Можно е одложување на едно од најголемите премиерлигашки дербија

Омиркон варијантата на ковид-19 вирусот продолжува да прави вистински проблеми во Англија.

Утрешниот натпревар меѓу Барнли и Лестер и дефинитивно е одложен поради голем број заразени кај гостите, додека под опасност да не се одигра е и големото лондонско дерби меѓу Тотенхем и Арсенал.

Тренерот на Топчиите, Микел Артета, изјави дека постои реална опасност оваа средба да биде одложена бидејќи имаат дури 1-мина фудбалери коишто отсуствуваат поради повреда или се во карантин.

„Постои реална можност оваа средба да биде одложена бидејќи имаме дури 11-мина фудбалери коишто отсуствуваат поради повреда или се во карантин, а слични проблеми има и Тотенхем, впрочем слични проблеми имаат речиси сите екипи во Англија“, изјави Артета.

Доколку се одигра натпреварот меѓу Тотенхем и Арсенал во недела, тоа ќе биде од терминот во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести