Мрежичките се полнат со Ол-стар ѕвезди, во Бруклин доаѓа и Блејк Грифин

Блејк Грифин се одоговори со челниците на Детроит пистонс да си замине од клубот и од утре да биде слободен агент, а најверојатна следна дестинација ќе му биде тимот на Бруклин нетс.

Популарните Мрежички ќе дополнат уште една голема НБА ѕвезда во ростерот, покрај Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден, а Блејк ќе им помогне со својото атлетизам.

Грифин се согласи да им прости на Пистонс 13.3 милиони долари од договорот што е се уште активен за оваа и за следната сезона. Требаше вкупно да заработи 75 милиони долари ако останеше во Детроит оваа и идната сезона, но сака да игра за тим што ќе се бори за титулата, а од таков калибар е ѕвездениот состав на Бруклин нетс.

Грифин ќе му биде резерва на Дурант напозицијата моќно крило, но е поливалентен играч со можност дури да помогне и како центар, поради изразените атлетски капацитети и одличниот одраз.

Блејк има 32 години и беше прв пик на драфтот во 2009 и до 2018 година играше за тимот што го избра, за Лос Анџелес клиперс. Во 2018 година се пресели во Детроит, но нема да го заврши договорот со Пистонс што му важи до сезоната 2021-22.

Грифин има многу признанија во кариерата, беше дебитант на годината во НБА лигата, има шест настапи на Ол-стар натпреварите, беше победник во забивање во 2011 година и е еден од најатрактивните кошаркари во новиот милениум во најсилната лига на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести