Мрежите мируваат во Манчестер, а Сити и Наполи играат 0-0 по првото полувреме. Она што е интересно за овој меч, гостите од Неапол останаа со играч помалку во 21-вата минута, откако Џовани ди Лоренцо беше исклучен, па Антонио Конте се одлучи да го извади од игра Кевин де Бројне уште во 26-тата минута за да ја засили одбраната.
Своја шанса за настап на овој меч чека и нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој е на клупата.
Нема голови по првите 45 минути и на „Сент Џејмс парк“, каде што играат Њукасл и Барселона. Каталонците имаат теренска иницијатива и поголем посед, но Жоан Гарсија ги спаси од негатива по една контра на домашните.
Спортинг Лисабон има водство од 1-0 против Каират со голот на Тринкао во 44-тата минута, а најефикасно е во Франкфурт, каде што Ајнтрахт има убедливи 3-1 против Галатасарај, но дури откако гостите беа тие кои први поведоа.

